Цели пет години траела тајната љубов на Северина, љубов што ќе и ја промени кариерата.
Со години, хрватските медиуми пишуваат дека првата љубов на денес госпоѓа Северина Којиќ бил нејзиниот прв музички продуцент, познатиот хрватски музичар и пејач Зринко Тутиќ, кого го гледавме и како еден од членовите на жирито „Супер луѓе“ на ТВ Прва.
„Откако се разиде со својата музичка куќа, Северина срамежливо дојде во „Кроација Рекордс“ на кафе и рече: „Зошто не би соработувале? Тогаш реков реченица која мислам дека е клучна за нејзината понатамошна работа на сцената. Дека Северина треба да се раскрсти со нејзиниот момински стил. Девојката Северина треба да се претвори во Северина – жена, а таа тоа апсолутно го сфати. Таа е надарена пејачка која ги освојува луѓето со својата енергија, блескавост, изглед и изразување“- ќе изјави Тутиќ за „Национал “.