Македонската актерка Јана Стојановска во септември првпат се реалзираше во улогата на мајка и на свет го донесе синчето Ненад.
Имено, Јана се породи два месеци порано во Букурешет каде што беше тогаш и нејзиниот сопруг Андрија Бојиќ ангажиран за кошаркарски клуб.
Актерката во таа прилика раскажа низ каква голгота поминала.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/jana-stojanovska-se-porodi-i-so-solzi-vo-ochite-otkri-deka-doktorite-se-borele-za-zivotot-na-bebeto-video/
Јана и Ненад сега се чувствуаат добро, а во интервју за „Бесктејџ“ таа вели дека сега полека, но сигурно се чувствува фантастично.
„Не можам да кажам дека поминав најдобро за време на бременоста, ми беше прилично тешко. Важно е дека се заврши океј и сега остануваат убавите мајчински работи“ вели Јана.
Таа за синот вели дека е мирно дете, не е бучно бебе и плачко.
Јана откри дека поради коронавирусот со сопругот не се виделе три месеци.
Имено, Андрија од Букрушет заминал во Србија каде што бил во карантин, па во самоизолација, а сега бидејќи се затворени границите не може да дојде во Македонија и чекат да се реши ситуацијата за да поскоро дојде во Скопје.
Целото интервју може да го погледнете во видеото подолу.