Веднаш по оздравувањето од коронавирусот и и излегувањето од болница, Ѓорѓе Давид доживеа друга несреќа – ја скрши ногата.
Тој вели дека бил во многу лоша состојба додека лежел во болница, а сега вели дека нема дилеми за што размислува човекот чиј живот му виси на конец.
„Прво помислуваш на најдрагите личности кои си ги изгубил, колку нешто си правел погрешно, дали си погрешил со некој…И да видите како ви работи мозокот во тие моменти. Веднаш ги сфаќаш грешките. Кога излегов со многу луѓе се слушнав преку телефон и им реков да почнеме од почеток. Секако, цело време во главата мотив ти е детето, детето, па рокенролот. Тоа беа моите најголеми мотиви. Толку многу ја сакам Сташа што би одел за неа и да немам нозе. Така е и со рокенролот. Да немам раце би нашол начин да го држам микрофонот. А кога ќе дојдеш во фаза на оздравување, за плановите размислуваш на смирен начин, со идеја да не ги правиш истите грешки“ вели музичарот.
Ѓорѓе е во среќна врска со Ана и ја имаат ќерката Сташа. Меѓутоа, тие не живеат заедно, а сега рокерот откри зошто тоа е така.
„Со Ана отсекогаш имав убав емотивен статус, само што не живееме заедно. Моментално тоа е поради одредени околности. Второ, кога започнав врска со неа и кажав дека јас сум човек кој не може да живее со некој. Не сакам да ја менувам удобноста. Но, никогаш не вели никогаш“, вели Ѓорѓе.
Тој вели дека тоа што е татко на девојче уште повеќе го почитува женскиот пол.
„Го почитувам женскиот пол, никогаш не кренав рака на жена, во себе немам омраза. Воспитан сум да го чувам своето и туѓото. Детето уште повеќе ме оплемени. Ќе се откажам од кафаните, пијалок со другарите само неа да и купам барбика, боенка, патики…“вели пејачот.