Изминатиот ден низ целиот свет во фокусот беа филмските награди Оскар кои се случија по 90-ти пат.
Иако филмот треба да биде во прв план, модата на црвениот килим не ретко го има ова место на гламурозно случување.
Но, црвениот килм не е само пред Долби театарот, туку и на забавите кои се случуваат по Оскар.
Токму изгледите на тие забави беа во ценатарот на вниманието, а најмногу „голите фустани“ во кои кои се појавија повеќето од познатите дами.
Ниту нашите познати Македонки не остнаа рамнодуушни на ваквиот модел на транспарентен фустан, кој открива како однапред, така и одзади.
Една од оние кои пред извесно време го пробаа, беше и поп-пејачката Викторија Лоба. Таа не ретко претпочита македонски дизајн, а ваквиот модел го избра од модното студио „Драма“ на Ивана Кнез.
А кога наша Лоба носи ваков фустан, тоа е празник за очи, незавино дали во него позира однапред или одзади.