Радио Милева

„Ако сум јавна личност, не сум јавно ве-це“: Еве што ја натера Марија Шарифовиќ на ваква изјава

„Ако сум јавна личност, не сум јавно ве-це“: Еве што ја натера Марија Шарифовиќ на ваква изјава

Една од најдобрите српски поп-пејачки, Марија Шерифовиќ, се вклучи во живо на утринската програма на Прва српска телевија каде зборуваше за спотот кој го нимаше за „Молитва“ изработен по тема за коронавирусот, потоа за учеството во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, но и за приватноста.

Пред неколку години, пејачката ја објави книгата „Исповед“, а сега таа се осврна и на оваа тема:
– Тоа е проект што беше таков за луѓето што ќе ја прочитаат да дознаат повеќе за мене – рече таа.
Марија со години е член на жирито на популарниот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, па реши да го опише своето искуство:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic) on

– Понекогаш е убаво, понекогаш е премногу тешко. Понекогаш моите реакции се целосно несоодветни, целосна промена на емоциите. Претежно е убаво и ме прави среќна кога ќе се обидам да го пренесам своето знаење. Денешната музичка сцена изгледа страшно. Во секој бизнис, мора да има основа на знаење за работата што ја работите – истакна Шерифовиќ и на крај го коментираше односот што го има со медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic) on

– Не е забавно кога сум мета на медиумите. Ако јас сум јавна личност, тоа не значи дека сум јавен тоалет. Во принцип, имам добра и квалитетна соработка со медиумите. Се додека тие се заинтересирани за мојата интимност, јас ќе се обидам да ја задржам за себе својата приватност, кажа Марија во утринската програма на Прва српска телевизија.

To top