Џејла Рамовиќ претходната година под менторство на Марија Шерифовиќ успеа да ја однесе победата во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Таа ја освои публиката со својот глас, но и со својата едноставност и скромност.
Џејла на социјалните мрежи се пофали дека го променила својот имиџ.
Изгледа карантинот и самоизолација влијаеле и на неа, па како и повеќето нејзини колешки таа се фрли на разубавување.
Имено, Џејла посети фризерски салон и се одлучи да направи шишки.
Како ви се допаѓа со новата фризура?