Поради пандемијата и коронавирусот се откажа 65- то издание на Евровизија кое оваа година требаше да се одржи во Ротердам, Холандија.
Наместо „Евровизија“ ќе има алтернативно шоу кое ќе се одржи на 16 – ти мај.
Специјалното телевизиско шоу нема да има натпреварувачки карактер, но ќе им оддаде значајно признание на сите песни и учесници од 41-та земја, колку што требаше да учествуваат на годинашната Евровизија. Веќе селектираните песни ќе бидат емитувани само во фрагменти, учесниците ќе бидат претставени низ најразлични снимени видео пораки и материјали, но ќе ги видиме и слушнеме и обедините од различни локации низ Европа низ стиховите на познатиот евровизиски хит на Katrina And The Vawes: „Love shine a light“, победничка песна на Евровизија во 1997-мата година.
Васил Гарванлиев со песната „You“ требаше да ја претставува Македонија во Ротердам.
Песната „YOU“ е авторско дело на Невенка Нешкоска, којашто ја создаде музиката, текстот е дело на Невенка Нешкоска, работен заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска, како и колешката од „Беркли“, Алис Шредер.
Пејачот деновиве одговараше на прашања на „Инстаграм“ и откри малку повеќе детали околу евровизискиот настап кој требаше да се одржи во Ротердам, кои му се омилени пејачки, што мисли за српските претставнички на Евровизија.
-
Каква порака има „YOU“?
-Биди свој, биди искрен.
-
Откри ни нешто за сценскиот настап, како требаше да изгледа, што ќе се случуваше на сцената?
-
Toп три македонски пејачки?
-
Доколку догодина бидеш претставник со каква песна би патувал во Ротердам?
-Нова година, нова приказна, нова песна.
-
Какви спомени те врзуваат за Златно славејче? Што се има сменето од тогаш до денес?
-
Каква кореографија беше спремена за Ротердам?
– Имавме само една проба. Дента кога требаше да се снима корео се откажа Евровизија.
-
Дали тоа што лани беше придружен вокал ти ја разби тремата за оваа година?
-Тремата секогаш е таму. Најубавото од лани е да видиш каква е таа луда енергија која можеш само на сцена да ја осетиш.
Таа беше најголемата лекција и податоци.
-
Од кои други автори пристигнаа песни на отворениот конкурс?
-Горе – доле сите наши прекрасни композитори 250 +
-
Што мислиш за нас? Србија, „Hurricane“?
-
Што беше пресудно да ја избереш „You“ за евровизиска песна?
-Песната е модерна со стари македонски мотиви и елементти. Песната е за на сцена. Кога тие девојки сите ќе грмнеа заедно. Мамоооо хаха. Сакавме песна што ќе го крене народот, многу е лесна и многу инетересна за сценографија.
Инаку, евровизиското шоу ќе може да го гледате утре (16 мај) на МРТ со почеток во 21 часот.