Радио Милева

Сопругата на „Бали Бег“ се огласи по шпекулациите дека се скарала со сестрата на актерот

Сопругата на „Бали Бег“ се огласи по шпекулациите дека се скарала со сестрата на актерот

Сопругата на турскиот актер Бурак Озчивит, Фахрие Евџан, се огласи по повод озборувања дека имала расправија со сопругот.

Наводно, кавгата била поради неговата сестра, која и покрај забраната поради коронавирус, сакала да присуствува на домашната прослава за првиот роденден на малиот Каран.

Во Турција се шпекулира дека имало турбуленции во семејството на Фахрие и Бурак и дека таа се скарала со сестрата на нејзиниот сопруг, а потоа ја избришала од Инстаграм.

Со оглед на тоа што гласините за семејната бура стануваат се погласни, Фахрие реши да стави крај на шпекулациите на таблоидите.

фото:бурак озчивит/инсатаграм

– Бурчин не го користи Инстаграм, таа не е активна на таа социјална мрежа, па затоа ја отследив. Нема апсолутно никаков проблем меѓу нас, сè е во совршен ред – рече Фахрие, која го прослави првиот роденден на нејзиниот син Каран пред неколку дена.

To top