Пејачот Саша Ковачевиќ е една од оние јавни личности кои го чуваат приватниот живот само за себе, така што публиката многу малку знае за неговиот живот со саканата Зорана Тасовац.
Сепак, пејачот направи преседан во последното интервју, и откри како двајцата го поминале времето за време на вонредната состојба утврдена како резултат на пандемијата со коронарнавирус.
– Првите 15 дена кога сето ова започна да ни се случува, јас бев во ред што не одев во теретана, но после тоа не можев да издржам повеќе. Потоа, со помош на мојата девојка Зорана, дојдов до идеја да изградам своја сала, за да можам да останам во форма, инаку со сигурност би добил неколку килограми – изјави Саша за „Ало.рс“.
– Таа ми ја исполни секоја желба кога станува збор за оброците. Сè што сакав да јадам, таа подготви за мене – додаде Ковачевиќ, кој меѓудругото, е познат како еден од најзгодните пејачи на српската музичка сцена, па не е чудно што толку многу е окупиран со вежбањето.
– Морам да ја фалам мојата девојка затоа што никоја од нив не е како неа. Зорана е многу вредна. Ние се согласуваме за сè. Баш се најдовме. Нема човек што ме познава како неа и можам да кажам дека Зорана е вистинската девојка за мене и дека никогаш не сум бил посреќен, открива Саша.