Познатиата двојка ги подготвува деталите за свадбената церемонија, додека се уште наголемо се зборува за нивната веридба. Конечно е откриено и кој ќе биде кумот на венчавката која помпезно се најавува веќе со месеци.
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ ќе го кажат „судбоносното ДА“ во месец јуни и не ја кријат среќата што по повеќе од две години љубовна романса ќе станат сопружници. Родителите на Филип наголемо ги подготвуваат деталите за свечената прослава, и како што откриваат, нема да штедат за вака убав повод.
Александра веќе избрала кум за бракот со синот на Слободан Боба Живојиновиќ од првиот брак, а тој е популарен фолк пејач, добро познат на пошироката јавност. Имено, прв сведок на младите ќе им биде Ацо Пејовиќ, со кого пејачката минатата година го сними дуетот „Литар вино, литар крв“.