Српската пејачка Гоца Божиновска ги следи случувањата во „Задруга 3“, а за Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ нема убаво мислење.
Гоца како мајка ја поддржува Анабела Атијас која често има конфликти со Луна.
„Мајката секогаш е најдобра мајка, па и она најлошата е најдобра мајка. Еве сега ќе кажам она што никогаш го немам кажано. Колку Луна само кукаше и по телевизија и приватно, па што и да згрешеше викаше – мајко спаси ме, мајко спаси ме. Никогаш не слушнав – Марко, спаси ме, Марко. Анабела е на жестоки маки, ова е претерано. Очигледно е дека Марко не ја сака Луна, свесан е дека преку неа ќе дојде до награда, па зошто да не издржи два месеци и да си купи ново бмв. Единствено нешто што и забележувам на Анабела е што плука по семејството, но најверојатно поради притисок го изгуби компасот. Децата не ни ги бираа мажите, ние ги биравме, значи си го бирала Гаги, молчи. Никој не е идеален родител, но зошто да плукаш јавно. Марко има многу мани, но љубовта е слепа. Сите се бориме со нашите деца, прво јас, Брена, Цеца, но тоа не е за јавност. Се срамам, згрозена сум од однесувањето на Луна. Имам многу работи да и кажам“ вели Гоца и додава:
„Јас да сум на место на Анабела ќе отидам во полиција и сама ќе се пријавам. Те родив и ќе те избришам со гума, нема живот ни за тебе, ни за мене. Јас би ја убила. Нема да ја спаси ни продукцијата, ни таткото, ни дечкото, ни никој. Се правда дека психички е болна кога треба ја брани својата мајка, а кога треба да ја*не онаа работа, тогаш не и е ништо, тогаш се е супер, може со часови. Немој дете да ме зафркаваш. А ова џукела од 37 години живее во нејзиниот стан, не плаќа сметки и само наредува“ завршува фолк пејачката.