Кон почетокот на пандемијата со коронавирус, поп-кралицата Мадона зборуваше дека ова е ситуација како брод во кој сите тонеме.
„Тоа е нешто со Ковид-19. Не обрнува внимание на тоа колку сте богати, колку сте познати, колку сте забавни, колку сте паметни, каде живеете, колку години имате, какви прекрасни приказни можете да кажете. Овој вирус е голем изедначувач, кажа тогаш пејачката.
Сега се пишува дека и Мадона била позитивна на вирусот, но веќе го прележала, а смета дека се заразила додека била на турнејата „Madame X“, пренесува „BBC“.
Мадона објаснила дека за време на турнејата се чувствувала болно, после тоа се тестирала, и, како што објави и претходно, резултатите покажале дека била позитивна на антителата на Ковид-19.
View this post on Instagram
„Кога ќе добиете позитивен тест на антитела, тоа значи дека сте имале вирус, а јас сигурно сум имала, бидејќи бев болна при крајот на мојата турнеја во Париз. Пред тие седум недели, мојот тим и јас чувствувавме симптоми, но мислевме дека имаме некој јак грип“, напишала пејачката, наведувајќи дека сега сите се добро.