По повод денот на мајките , социјалните мрежи изобилуваа со фотографии од мајки и славење на мајичнството.
Познатата македонска манекенка со интернацуионална кариера, Катарина Ивановска, пред неколку месеци по вторпат стана мајка и на свет ја донесе ќеркичката Кира.
Сега, токму по повод денот на мајките таа на Инстаграм објави неколку фотографии каде позира заедно со својата наследничка, како и таква со нејзината мајка, но и една фотографија каде ја дои Кира.
Доењето во јавност, за жал, се уште често се поврзува со невкусно покажување на дојките во јавност. Но, сите мајки или жени кои имале прилика да видат мајка која дои сигурно ќе потврдат дека доењето во јавност исклучително ретко изгледа како невкусен чин.
Катарина нема предрасуди по оваа тема и гордо покажа како ја храни својата малечка која се роди во месец септември 2019 година.