Радио Милева пејачот „полуде“...

Саша Ковачевиќ е бесен како рис на Жељко Јоксимовиќ: Стариот мачор „го изработел како мало маче“ помладиот колега или се’ било само склоп на случајности? (ВИДЕО)

Саша Ковачевиќ е бесен како рис на Жељко Јоксимовиќ: Стариот мачор „го изработел како мало маче“ помладиот колега или се’ било само склоп на случајности? (ВИДЕО)

Бидејќи сите концерти и претстави се откажани заради вонредна состојба, некои српски телевизии излегоа со идеја за концерт без публика во живо.

Кога „Toxic Television“ направи три концерти – со Ацо Лукас, Саша Матиќ, а потоа и Пеѓа Меденица и Андреан Чекиќ, Жељко Јоксимовиќ сакаше да направи нешто слично за гледачите на неговиот музички канал К1, па затоа организираше концерт на Саша Ковачевиќ пред Градското собрание, но…

„Саша очекуваше концертот да оди во живо, и многу беше разочаран што се емитуваше одложено, подоцна. Сепак не е исто, живата емоција е незаменлива. Дури и кога се случи грешка, не е проблем во програма во живо. Иако, сè е совршено точно во снимањето, ја нема таа енергија, како кога е во живо. Сепак, тој се согласи да му помогне на Жеjко  да привлече гледачи на К1 ТВ, што на крајот тоа сепак не се случи“ – раскажува извор за српски „Свет“ и додава:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic) on

„Освен тоа, концертот беше прекинат на половина, а потоа беше пуштена и сосема друга програма. Знам дека Сале ‘полуде’, беше бесен како рис, а не беше среќен ниту неговиот брат Раде, бидејќи тој беше првиот што навиваше концертот да го пренесува телевизијата Жељко. Ги погоди тоа што не биле целосно испочитувани.

Пред концертот, никој воопшто не се занимавал маркетингот и рекламирањето на настанот,  како што тоа го правеле на конкурентската телевизија Токсик за Лукас и другите, а потоа концертот на Саша Ковачевиќ уште беше и прекинат. Иако Сале и Раде со Жељко беа во добри односи, тие не се задоволни од ова што им се случи“ – раскажува изворот близок до пејачот.

To top