Поради коронавирусот и вонредната состојба во Србија беа откажени снимањата на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Тогаш, „Гранд“ се огласи истакнувајќи дека не знаат точно кога ќе продолжат со снимањата и доколку не се подобри ситуација тие ќе продолжат со снимањата во септември.
Но, бидејќи ситуацијата оди на подобро и денес се укинува вонредната состојба во Србија, „Ѕвездите на Гранд“ продложуваат да се снимаат во мај.
Како што пишува на Инстаграм профилот на „Ѕвездите на Гранд“, прво ќе снимаат кандидатите од Србија, а потоа натрпеварувачите од другите држави.
Инаку, Ѓорѓе Давид кој е дел од жирито на музичкото шоу беше позитивен на корона, но пејачот оздраве и сега се чувствува добро.
За потсетување и оваа година има неколку македонски учесници, а меѓу нив се Марио Арангеловски, Александар Темелков, Мими Јовановска.