Александра Пријовиќ важи за една од најдобрите пејачки во Србија, а иако во светот на шоубизнисот влезе доста млада.
Сепак, таа работела и пред да почне да пее.
Првата „работа“ што ја извршувала немала никаква поврзаност со микрофон.
– Како девојка, одев во друштвото на баба ми на работа и правев кафе со нејзините колешки. Им велев на сите: „Одам да работам со баба ми“. Како и да е, првата работа од која добив пари беше од пеење, на 15-годишна возраст. Парите ги донесов дома затоа што сакав да му помогнам на моето семејство. Никогаш не ми се случило да трошам пари на облека и излегување “, рече Александра за српските медиуми.