Вељко Ражнатовиќ не сакаше да ризикува неговата бремена сопруга Богдана да се зарази од коронавирус, па уште пред да започне вонредната состојба тој заедно со сопругата го напуштија Белград.
Вељко одлучи деновите во самоизолација ги поминат во село, односно во Тител и тоа во куќата која ја добиле на подарок од родителите на Богдана.
Екипата на свет.рс го посетила младиот пар и го забележале Вељко со лопата во рацете како копа дупка за базен.
Богдана се чувствува одлично во текот на првата бременост и едвај го чекаат раѓањето на синот за кој го одбраа името Жељко.
„Вељко и Богдана се многу паметни луѓе и ќе бидат прекрасни родители. Тие се сами во Тител. Богдана е задолжена за кујната, а Вељко ги завршува надворешните работи, ништо не му е тешко, му се допаѓа да биде домаќин. Тој не се откажува ни од тренингот. Стави вреќа на балконот и секојдневно вежба. Сите во селото се изненадени. Мислеа дека синот на Цеца нема да мрдне со прст, тој е момче од градот, богаш, размазан…Сите го засакаа. Прво, мештаните мислеа дека ќе вработи работници и ќе гледа како работат, кога тој ги засука ракавите и почна да копа темел за базен“ вели изворот за свет.рс
За потсртување, оваа година, Цеца ги прослави Велигденските празници без Анастасија и Вељко, односно Анастасија замина кај нејзиното момче во Нови Пазар, а Вељко е во Тител.