Тијана Дапчевиќ и нејзиниот сопруг Милан прославија 19 години брак.
Пејачката вели дека не ја слави годишнината на посебен начин туку се труди да ја негува љубовта секој ден, а не еднаш во годината.
„Љубовта ја славиме секој ден, а не еднаш во годината, мислам дека тоа е безврска“ вели Тијана, а на прашањето колку години брак прославила, таа вели:
„Уф, колку сакаш, 19 години наполнивме“.
Ни во текот на изолација, ведриот дуг не ја напушта Тијана, а на прашањето што ќе направи кога ќе заврши изолацијата таа вели:
„Планирам да заминеме некаде далеку од овде, да уживаме“ вели Тијана.
Пејачката откри како ги поминува и деновите во изолација.
„Вака го поминуваме времето: јадеме, готвиме, повторно јадеме, играме, пееме, пак јадеме, играме карти, ја пишуваме домашната и учиме“ вели Дапчевиќ.
За потсетување, Милан и Тијана се запознаа на натпревар по кошарка, а од бракот го имат синот Внук.