Промотер

Гуру Харе го опеа колективниот – „Карантин“ (ВИДЕО)

Гуру Харе го опеа колективниот – „Карантин“ (ВИДЕО)

Искусните и талентирани музичари знаат да бидат креативни и инспирарни во секоја ситуација. Така и во ова време-невреме на светска корона пандемија, македонскиот гитарист, композитор и музичар Игор Атанасовски, попознат под уметничкиот прекар „Гуру Харе“ актуелната реалност ја преточи во песна, насловена „Карантин“.

Таа се појави минатиот викенд и претставува акустично и меланхолично промислување на периодот низ кој минуваме со стихови, кои велат: „Светот е во очај, паника и страв, не се знае кој е болен а кој здрав, карантин, изолација, колективна хибернација…“.

Акустична балада, како авторско, автобиографско доживување на општиот колапс што ни се случува додека сме затворени во своите домови, со принудно одземена слобода, приклештени и приморани на живот во 4 ѕида… Акустична ода на црната реалност во изолација… до следната наша мутација!

Карантин

Светот е во очај, депресија и страв
не се знае кој е болен, а кој е сеуште здрав
Чекам нови вести, уморен без здив
затворен сум дома, во кома полужив
Карантин, изолација
колективна хибернација
Карантин, цивилизација
секој нов ден нова мутација
Мигови на свесност, и пак потонувам
веке не знам дал сум буден или лошо сонувам
Светот е во очај, паника и страв
не се знае кој е болен, и дали има некој здрав?
Карантин, изолација
колективна хибернација
Карантин, цивилизација
секој нов ден нова мутација!

 

 

To top