Група германски лекари позираа голи за да го привлечат вниманието на светот од недостаток на заштитна опрема среде корона пандемијата.
Лекарите позирале во нивните ординации и канцеларии, криејќи ги интимните делови од телото зад хартијата, тоалетна хартија и блокчињата со рецепти.
Тие го нарекоа својот протест „Бланке Беденкен“ ( празни/голи грижи) и велат дека се изложени на голем ризик од коронавирусот, а властите со месеци ги игнорираат нивните повици за помош.
Еден од докторите, Рубен Бернау, лекар по општа медицина, изјавил за “Ärztezeitung” дека тој и неговиот тим со месеци се соочуваат со недостаток на заштитна опрема.
Wir sind Ihre Hausärztinnen und Hausärzte. Um Sie sicher behandeln zu können, brauchen wir Schutzausrüstung. Wenn uns das Wenige, was wir haben ausgeht, dann sehen wir so aus: https://t.co/PfxrY6GBil
— Blanke Bedenken (@BlankeBedenken) April 21, 2020
„Зошто треба да ги шиеме сами маските? Зошто немаме заштитна опрема?“ – прашаа германските лекари, додавајќи дека сакаат да продолжат да ја извршуваат својата задача, но заштитени.
Германските производители на заштитна опрема го засилија производството, но сè уште има недоволно опрема и лекарите постојано се дефицитарни во снабдување со капи, визири, маски, заштитни очила, ракавици, престилки и други најважни делови за заштита на телото. Состојбата на заштитната опрема варира во зависност од регионот. Недостатокот на опрема најмногу ги погоди областите на Северна Рајна-Вестфалија и Баварија.