Помина повеќе од еден месец како сме во карантин, самоизолација поради коронависрусот и вонредната состојба.
Поради короната се затворни рестораните, кафулињата, игротеките, градинките, училиштата… а со тоа се одложени и свадбите, роденденските прослави…
Па така оние кои сакат да слават, тоа го прават во домашни услови и во кругот на најблиските.
Македонската пејачка Каролина Гочева овие денови односно вчера (28.04.2020) имаше убав повод за славење.
Имено, таа во кругот на најблиските го прослави својот 40ти роденден, а по тој повод честитики пристигнаа од сите страни.
Нејзините следбеници, фанови, соработници, колеги меѓу кои Тамара Тодевсака, Панчо од ДНК и упатија честитки на славеничката.
Гочева на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која позира покрај цветна торта, а во описот на истата се заблагодари на честитките.
„Другари, фала ви на сите за честитките и прекрасните зборови, ова бројче заслужуваше посебна журка, но и вака не е лошо… Не е важно колкав е кругот, туку кој е во него. Ве сакам“, напиша пејачката.
И под објавата се нижеа честитки на славеничката, а меѓу нив и оние Тијана Дапчевиќ, Миа Костова, Елена Стојановска, Весна Петрушевска.
За потсетување, Каролина од 2017 година е во брак со уметникот Михаил Корубин, но кога станува збор за нејзиниот приватен живот пејачката е резервирана и не сака многу да зборува.