Странските медиуми пишуваат дека славната актерка Џенифер Анистон нема среќа во љубовта, но животот не ја галел ниту кога се семејните односи во прашање.
Сега се појавија информации дека Џен најпосле решила да му ја прости грешката од минатото на својот татко.
Таа наводно се смирила со својот татко Џон (86) и го обновила контактот по многу години.
Нивното помирување и обновената семејна врска се должи на пандемијата на коронавирусот, пишува „Дејли мејл“.
По хоспитализацијата на Џон поради здравствени проблеми со стомакот, следуваше пандемијата на коронавирусот, а Џенифер тогаш се загрижила за својот татко.
„Како да сфати дека животот е краток и нејзината врска со татко ѝ мораше да биде добра затоа што никогаш не се знае што ќе ги раздели засекогаш“, изјавил близок пријател на актерката за „Дејли мејл“.
Двајцата сега редовно се слушаат на телефон, а Џенифер исто така редовно се распрашува за неговото здравје.
Џенифер не била во добри односи со својот татко уште од својата деветта година кога Џон ги напуштил со мајка и, нешто што таа не можела да му го прости.
Татко ѝ исто така е актер, а својот талент Џен го наследила токму од него. За разлика од ќерката, која е светски позната актерка, тој имал само кратки епизодни улоги во серии и е познат само на американската публика.