Познатиот музичар Трој Снид кој беше номиниран за Греми награди, почина на 52 години во болницата на Флорида како последица од коронавирусот.
Веста за смртта на Трој ја потврди негов пријател.
КД Бови објави заедничка фотографија и напиша потресна порака.
„Не знам како ова има смисла? Не сум добро, човече. Ковид 19 е срање. Дали ќе се молиш за Емили и за децата?“
Трој по потекло беше од Флорида, а својата музичка кариера ја започна како член на школскиот хор. Откако дипломира стана учител во основното училиште, но набрзо одлучи да се посвети на музиката.