По неколкуте обиди на природен начин добие уште едно дете, Никол Кидман и нејзинот сопруг Кит Урбан одлучија да посвојат момче.
Холивудската актерка и нејзиниот сопруг веќе долго време се обидуваат да го прошират семејството. Иако веќе имаат две деца Сандеј и Фејт, тие сакаат повторно да се реализираат во улогата на родители.
Според пишувањата на магазинот „Globe“, Никол и Кит планираат да посвојат момче.

„Никол беше разочарана бидејќи неколку години не успеа да затрудни со вештачко оплодување. Кит и предложи да посвојат дете. Таа беше пресреќна. Секогаш мислеше дека посвојувањето на дете е прекрасен начин за проширување на семејството.“ вели извор блзиок на парот.
За потсетување, Кидман е мајка на четири деца. Две има со сегашниот сопруг, додека постариот син и ќерка ги посвои кога беше во брак со Том Круз.