Радио Милева кога тој свири, таа звучи... природно

На Бојан од „Ај Кју“ гитарата сепак не му е омилен инструмент: Музичарот повеќе „се пали“ на малку поинакви звуци (ФОТО)

На Бојан од „Ај Кју“ гитарата сепак не му е омилен инструмент: Музичарот повеќе „се пали“ на малку поинакви звуци (ФОТО)

Скопското евровизиско љубовно-музичко дуо „Ај Кју“,  излезе од карантинот за да сподели „култура во време на корона“, па музицираше во рамките на истоимената манифестација организирана од Град Скопје, на која скопските музичира „од под балкон, на покрив или под пенџере“ се обидуваат да го забавуваат народот, додека тој чмае во изолација заради корона пандемијата.

Скопје и не само Скопје и понатаму седи дома, а Бојан и Марија откако ја завршија својата музичка мисија се вратија назад во изолација… Се разбира со 14.500 или 29.000 денари во џебот, зависи како градоначалникот Шилегов и неговата свита гледаат на нив? Како група и „две во едно“ или „две одделно“, па секому му следува ветенета сума уметнички „минималец“.

Малку пред тоа, навидум мирната, тивка и повлечена Марија ја шокираше јавноста, откако на социјалните мрежи сподели разголена фотографија. Пејачката гола, затскриена само зад стара акустична гитара, од сите предрасуди ослободена, позираше како од мајка родена.

 

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/marija-od-aj-kju-se-sobleche-gola-pejachkata-od-site-predrasudi-oslobodena-pozira-kako-od-majka-rodena-zadskriena-zad-stara-gitara-foto/

И не помина долго, по пејачката на „Ај Кју“ нов шок ни приреди посилната половина на ова дуо – гитаристот и лидер на бендот, Бојан Трајковски.

Додека во домашни услови тој и Марија се подготвуваа за своето онлајн музицирање, следуваше неговото шокирање на јавноста. Имено, меѓу сите инструменти во собата за проби, се најдоа и едни конги. Не се гитара и не се жичан инструмент, ама сепак – комплимент за тоа, како најпрвин на нив Марија го покажа своето музичко умеење и „чувство за осет“ за ритам.

Веднаш потоа и се придружи Бојан, па така заедно, како „дуо -трио“ ја продоллжија ритмичката ударна сеанса, во која на „гитарџијата“ одненадеж му се пружи шанса да ги слушне своите „омилени звуци“!

Додека така заедно свиреа, пејачката во еден момент му заврте грб, па се поднаведна веројатно да земе нешто што беше оставено до неа, а Бојан го искористи моментот за да го смени “инструментот“.

Неговите „брзи прсти“ за миг од конгите се префрлија на бујната задница на расната љубовница и колешка, па лекцијата што очигледно веќе му е позната на „перкусионистот“, не му беше тешка. Ја отсвири совршено, иако се чини  дека со „парти-турата“ тука не беше свршено…

Како и да е, Бојан од „Ај Кју“ покажа дека гитарата сепак не му е омилен инструмент. Музичарот повеќе „се пали“ на малку поинакви звуци…  Брзопотезно изведени и природно произведени!

Впрочем, не му е прв пат да покаже дека има „брзи и лепливи прсти“  подготвени за миг да се фатат за нешто цврсто или меко, како ланската зима, кога на очиглед ја зграпчи амбалажата за… „мајчино млеко“!

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/aj-kju-vo-mavrovo-marija-na-skii-bojan-na-snoubord-na-snegot-ama-na-suvo-ja-batali-daskata-pa-se-fati-za-ambalazata-za-majchino-mleko-foto/

 

To top