Радио Милева

Елена Ристеска по повод роденденот имаше ексклузива за сите, а ја откри и вистинската причина за патувањата во Америка (фото)

Елена Ристеска по повод роденденот имаше ексклузива за сите, а ја откри и вистинската причина за патувањата во Америка (фото)

Елена Ристеска вчеравечер беше гостинка во вклучувањето во живо на „Бекстејџ“ на Инстаграм, а поводот беше нејзиниот роденден и она на кое е посветена изминатиот период.

„Бекстејџ“ како изненадување и подготвија торта, само што свеќите мораше да ги дува виртуелно, а имаа и видео подарок со пораки од нејзините најсакани кои и посакаа искрени роденденски желби.

фото:бекстејџ/инстаграм/принтскрин

Во едночасовниот разговор, Елена откри доста нешта, но најмногу се задржа на причината за патувањата во Америка, кои биле исклучиво професионални, а не приватни како што се пишуваше дека се омажила таму.

Вистината е таа дека Елена од својата козметична линја „Ера“ која ја најавува некое време, веќе го има готов првиот производ, односно женски и машки парфем кои ексклузивно ги покажа пред следбениците кои ја следеа во моментот.

Парфемите ќе бидат промовирани по корона кризата, а по завршувањето на разговорот, славеничката напиша огромна порака посветена на роденденот, најблиските, работата, пријателите, фановите… Во напишаното вели:

Полнам 34 и сеуште не ми треба ботокс.  Се надевам дека истиов статус ќе го напишам и на 35. До тогаш да сме здрави и живи. Да ја надминеме “короната”- за некого заговор,за некого грда вистина и загуба на блиски. За сите нас ужасен старт на 2020та година помината во страв. Како дете често ми се паѓаше роденденот на Велигден,па славев роденден само со најблиските.Така што не е толку трагичен овој роденден за мене да го поминам во изолација. Сепак имам милион причини да сум среќна до небото затоа што ве имам вас кои ме поддржувате и почитувате-вие сте најлојални од сите луѓе во светот бидејќи ме знаете во сржта каква сум.Од сите богатства на светот секогаш би ве одбрала ВАС.Но, и богатството наречено “моите најблиски” кои ме сакаат дури и во ретките моменти кога не ми е денот ,еден голем за нив. Исто еден”пехар за толеранција”, поради мојата особина на перфекционист за сите мои соработници.Особено последниве две макотрпни години посветени на мојот бренд @era_cosmetics.Едвај чекам да ви го претставам она поради кое ја ставив привремено во втор план музиката. Иако требаше да почне се’ во април, парфемот одлучив да не го промовирам во овој период затоа што не е хумано да се почнува кампања за парфем додека луѓе се борат за живот и целата држава и светот се во вонредна ситуација. Ќе има ден за тоа наскоро.. Низ годиниве многу уметници,музичари,поети и фанови напишаа по некој стих за мене или ме нацртаа,мал дел од нив ќе споделам во овој пост. Необјасниво е колку ми значи се’ што сте посветиле на мене. Особено ме допре поетесата Ана Бунтеска која ја напиша песната на следната страница за мене. Јас со овие ваши дела станувам БЕСМРТНА. Фала му на Бога. Ви благодарам за честитките на сите, оние кои не ми честитале не се лутам сепак љубовта што ја добивам 364 дена ми е и повеќе од доволна.
П.С. Конечно цела торта за мене.

Среќен роденден Елена Ристеска!

To top