Радио Милева

Снаата и свекрвата ги вкрстија гласовите: Лепа Брена и Пријовиќ конечно запеаја во дует (видео)

Снаата и свекрвата ги вкрстија гласовите: Лепа Брена и Пријовиќ конечно запеаја во дует (видео)

Српската ѕвезда Лепа Брена времето во изолација го поминува во својата луксузна вила на Бежаниска коса.

Таа неколку пати досега истакна колку многу и недостига публиката и фановите, па едвај чека да се врати на своите настапи.

Во меѓувреме, Брена за да ги забавува своите фанови од својот дом снима некои од нејзините познати хитови.

Овој пат Брена го вкрсти гласот со нејзината снаа Александра Пријовиќ, па заедно ја отпеаја песната „Пожелу сречу другима“.

Видео снимката каде снаата и сверквата пеат од своите домови ја објавија на „Јутуб“, а како звучи кога Брена и Прија ќе запеат заедно погледнете во продолжение.

To top