Ништо лично ништо лично

Сам себе се демантира: Петре да ти бил „десничар“ до балчак… до последна капка! (ФОТО)

Сам себе се демантира: Петре да ти бил „десничар“ до балчак… до последна капка!  (ФОТО)

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов наместои да се фати во костец со проблемите за кои што е и платен со наши пари,  фати да се докажува на Фејсбук кој е поголем фраер, хуманист, душегрижник, кој бил почовечен…  При тоа гордо удирајќи се в гради дека е „левичар до коска“, навредувајќи ги „до срж“ идеолошките неистомисленици од „десницата“ со најпогрдни зборови… Со вокабулар во стилот еден од најжолчните социјалдемократски медиумски поддржувачи, нивниот Тричко, па „оние десните“, ги нарече „себични простаци, кои со десна се крстат, а со лева крадат“!

Арно ама, на истиот тој Фејсбук кој на Петрета му служи како (зл)огласна табла за да ја истресе сета своја горчина што веројатно му се насобрала од мамурлокот по вечерната дружба со одредени „деривати“, некој се потрудил веднаш да го демантира и да ја разреши дилемата, за повеќе да нема недоумица што е „левица“ а што „десница“!

Скопскиот градоначалник  очигледно „левичар“ е само декларативно, на социјалните мрежи. Другото го прави со десна… Особено кога треба да се наздрави со чашка, две, три…  „добра капка“ на одреден „дериват“!

Или што би рекле, Петре да ти бил „десничар“… до балчак, до последна капка!

Комунистите по идеолошка определба не се крстат, па левата му останува само за… Не, не за крадење, како што самиот тој ги прозва политичките опоненти од „десницата“.

Овие од „левицата“ ги користат и двете раце… Обилно! До срж! До балчак! Кога им се двета раце слободни, секако!

 

 

To top