Популарниот актер и режисер Бранко Ѓуриќ-Ѓуро веќе четврт век е во хармонична љубов со својата сопруга која наедно е и негова колешка.
Тања Рибиќ го освои неговото срце, а емоциите уште од почетокот на врската очигледно не ги напуштаат. Јубилејот од 25 години брак го прославија интимно, а Тања објави фотографија од кадата.
Foto: Goran Srdanov / RAS Srbija
Бранко и неговата сакана се препуштија на емоциите, а фотографијата предизвика бројни коментари
„25 години љубов“.
Во коментарите следбениците пишуваа само убави зборови и им порачаа љубовта уште долго да им трае.