Милош Биковиќ во моментов е веројатно најпопуларниот српски филмски актер, чија слава оддамна ги помина границите на Србија. Во Русија тој веќе долго време ужива во статусот на мегаѕвезда, а сега за прв пат отворено проговори за неговите врски и односи со семејството.
„Брат ми замина во манастир кога имаше 22 години и таму учел со потомците на руските иселеници кои дошле во Србија по Октомвриската револуција. За мене е важно да кажам дека разговарам со него како со брат, но секогаш имам на ум дека тој сè уште е монах кој го посветил својот живот на Бога. Понекогаш, во разговор, посакувам да му се спротивставам, но наместо тоа, секогаш му велам: „Ќе размислам за твоите зборови“ – го започнува своето разголување на душата Милош, објаснувајќи зошто неговиот брат решил да го помине животот во манастир.
„Тој ми објасни дека никогаш не се почувствувал така исполнет во животот и дека тоа го нашол само во контактот со Бога“ – вели актерот и додава:
„Кога мојата слава ги надмина очекуванаите граници, се сеќавам дека мојот брат ми рече: „Сега не си само ти важен. Сега стана симбол“.
Неговиот постар брат ( денес отец Михајло) се замонашил кога Милош бил дете. Нивните родители се развеле, а татко им заминал за Германија. Починал во 2006 година, чија смрт актерот многу тешко ја поднел.
„Кога мојата кариера започна да оди нагоре, мајка ми ме поддржуваше“ – вели Биковиќ и открива што и купил на својата мајка од неговиот прв заработен голем хонорар.
„И купив стан во Белград. Пред тоа и донесов крзнена капа, која многу се допадна, иако нејзе подароците не и се толку важни. Растев на Карабурма и честопати се селевме затоа што немавме свој стан. Моето семејство порано беше многу богато, а по Втората светска војна изгубивме сè заради национализацијата. Тато беше генерален директор на една голема австриска компанија и заработи многу пари, но јас не го почувствував удобниот живот. Брат ми – да“ – раскажа актерот, објаснувајќи дека неговите први детски сеќавања го потсетуваат на војни, инфлација и празните рафтови во продавниците.