Една од најзгодните српски пејачки Милица Павловиќ деновите во изолација ги поминува во својот стан во Белград, а сега открива дали и недостига друштво.
„Сакам да сум сама, не знам како ќе се снајдам да има маж со мене во станот. Понекогаш мислам дека ќе ми годи да има некој со кој би можела да зборувам, но кога ќе подразмислам ќе полудам“ вели Павловиќ за „Информер“.
Пејачката вели дека се труди да држи линија, но не и паѓа на памет да се жали поради откажаните настапи.
„Само сакам да заврши овој вирус и сите да се вратиме во нормален живот. За песни и настапи има време, сакам мојот народ да биде среќен затоа што јас на него пејам. Тажна сум кога ќе прочитам дека некои луѓе добиле откази. Тоа мже да биде и животна приказна на наш сосед, кој ти знае“ вели Павловиќ.