Фолкерката Гоца Божиновски, се огласи по шпекулациите дека нејзиниот син Мирко Шијан започнал емотивна врска со Бојана Родиќ, сестрата на Богдана Ражнатовиќ.
– Мирко сака да се шегува, а луѓето сфаќаат сериозно. Тој веќе три години е во врска со девојката Оља. Единствената вистина е дека тие се скарани моментално и не се гледаат – искоментира Гоца за „Стар“ за на фотографиите каде што нејзиниот син се гушка со Родиќ.
– Тој не ми кажа која е причината за разделбата и што се случуваше меѓу нив и јас нема да прашам ништо. Што се однесува до Бојана Родиќ, таа е само негова пријателка. Само се дружат, децата не се во врска, колку што знам. Тие се запознаа во Копаоник оваа зима и од тогаш започнаа овие приказни дека меѓу нив има нешто.
– Таа никогаш не била во нашата куќа, па глупост е тоа што се пишува. Мирко кога има сериозна врска секогаш носи девојка да нè запознае. Јас не ја познавам Бојана, како и Богдана која се ожени со Вељко Ражнатовиќ – додаде Божиновска.
– Јас не бирам девојки за него и не се мешам во неговиот избор, ако таа е добра за него, исто така е и мене. Жал ми е што луѓето веднаш прават некои искривени приказни – заклучи пејачката.