Радио Милева оган и мраз...

Станија и Кристијан Голубовиќ одново заедно… но само во емисија кај Огњен Амиџиќ: Еве како помина средбата на старите љубовници (ВИДЕО)

Станија и Кристијан Голубовиќ одново заедно… но само во емисија кај Огњен Амиџиќ: Еве како помина средбата на старите љубовници (ВИДЕО)

Некогашните „стари љубовници“, Кристијан Голубовиќ и Станија Добројевиќ  после пауза од пет години одново се сретнаа во „Ами Џи“ шоуто на Огњен Амиџиќ.

Станија беше целосно вознемирена кога Кристијан и пријде и и’ ја бакна раката, додека тој рече дека не почувствувал ништо за неговата стара пријателка.

„Не почувствував ништо кога ја видов. Буквално ништо. Јас сум целосно рамнодушен кон Станија. Сепак, видов дека таа не е рамнодушна кон мене. Сите знаеме кој во кого беше вљубен во реалното шоу Фарма 6“. Станија беше смртно заљубена во мене, а според она што го видов, би рекол дека не и поминало и после сите овие години “ – рече Кристијан.

Според него, по настапот во емисијата тие не се слушнале, но тој не ја исклучува можноста вакво нешто да се случи. Сепак, посочува дека за него  тоа е оддамна завршена приказна и дека нема емоции од негова страна.

„Јас дури и не ја ни загледав. Не се онесвестив кога ја видов, ако тоа е она што ве интересира“-  надмено изјави Голубовиќ низ смеа.

Погледнете како мина средбата на „старите љубовници“ и во какви односи се Станија Добројевиќ и Кристијан Голубовиќ:

To top