Ресенската група „Екстраваганца“ по „Казна моја си ти“, преработката „Приспивна“ и макфестовската „Како странец“, ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Да сме среќни денес“.
По соработката со нивниот сограѓанин, композиторот Хари Котларовски, со кого момчињата соработуваа и на претходните две песни, вокалот Јовче Воденичаровски и Крсте Калевски – гитара, најпрвин од дуо станаа трио, придодавајќи го како член на групата Наум Секуловски (кахон/тапани), а сега за прв пат соработуваат и со познатата македонска пејачка Наташа Мијатовиќ – Мијата, на која ова и е авторско првенче.
Таа се јавува како коавтор на музиката новата песна на групата заедно со Тања Рибарска , но и како коавтор на стиховите – Мијата/Јовче Воденичаровски и аранжманот – Ѓорги Вацев/Мијата.
За песната „Да сме среќни денес“ е направено и лирик видео чиј видео едитинг го потпишува Наум Секуловски.
Као сето тоа спакувано изгледа и звучи, проследете во продолжение.