Пејачката Северина Којиќ пред неколку дена од Белград се врати во Загреб, поради што мораше повторно да се изолира. Сепак, вчера таа имаше прекрасно изненадување на кое ќе се сеќава долго време.
Поточно, Северина го прослави својот 48-ти роденден во вторникот. По тој повод имаше и изненадување, па тамбурашите и свиреа под прозорецот.
Таа дотерана пиеше чаша вино од балконот, но не сакаше да ја скрши на подот, иако соседите, кои излегоа на прозорците за да видат што се случува на улица, ја тераа на тоа. Северина не ја тргна насмевката од лицето.
– Благодарам за љубовта што ми ја пративте денес. Благодарам на моите пријатели за „зум“забавата за за тортата, за песната под мојот прозорец … Фанови на видео честитки, колеги и сите други убави луѓе … Мислам многу за вас. Ве сакам сите – напиша Северина полна со емоции.