Сексапилната сопруга и менаџерка на фудбалерот Мауро Икарди, Ванда со своите секси фотографии постојано ги излудува мажите ширум светот, а така беше и овојпат, дури и кога убавицата е во карантин, во својата куќа на езерото Комо во Италија.
Имено Ванда објави фотографија на која во преден план ја стави својата бујна предница и напиша „Карантин 2020“. Претходно, на своите обожаватели и следбеници, како и на оние на нејзиниот сопруг со заедничка фотографија им го честитаа Велигден.
На Инстаграм ја следат повеќе од шест милиони луѓе, а со овие фотографии собра повеќе од 250.000 лајкови.