Бугарската поп-фолк пејачка Галена неочекувано „му се исповеда“ на Дамјан, во онлајн интервјуто што двајцата го водеа. Пејачката се прогласи за прва на бугарската естрада која е заразена со коронавирусот. Галена објасни дека е дома речиси еден месец, зашто била првата што добила коронавирус. Егоцентричната исполнителка рече декапоследниот месец минатата година била во Лас Вегас, и тврди дека таа се заразила од свој пријател во САД, кој го имал вирусот.
Социјалната изолација на почеток не се одвивала добро за Галена, која отворено му призна се на својот пријател Дамјан.
„Поизолирана сум отколку што требаше. Заборавив да работам со Инстаграм и со мојот мобилен телефон воопшто“ – шокираше на почетокот на интервјуто пејачката. Решив да правам работи за кои порано никогаш немав време. Поминав низ сите фази на карантин, но сфатив дека може да ме доведе до нешто полошо. На моите луѓе дома им се допаѓам ваква и не ме дозволуваат да се шминкам. Првата фаза беше: „Што ќе правиме сега?“ Втората фаза започна со блага депресија, почнав да готвам и да јадам повеќе од сите. Потоа си реков дека откако ќе заврши карантинот, не сакам светот да ме види дебела. Па, престанав да готвам ” – вели изведувачката.
Сонував за време кога ќе бидам со моите деца како нормална мајка. И досега мислев дека никогаш не ќе можам да си го дозволам тоа. Затоа си реков, сега е време да се биде мајка и домаќинка како секоја нормална жена. Иако ми недостасуваат моите фризери, шминкерите и пријателите… и тоа многу, но не ми недостасуваат ноктите и косата кои моментално се одмораат“ – изјави Галена од карантинот.