Откако е создадена, Велигден не би можел да помине без да ја слушнеме легендарната песна која ја одбележа кариерата на легендарниот македонски пејач Џина Папас Џокси. И додека сите се шегуваа дека оваа година поради состојбата која владее во светот и кај нас, Џокси „нема да може да се заљуби“ бидејќи ќе мора да остане дома, тој не изненади со фантастично видео кое ќе ви го разубави денот и празникот.
Имено, пејачот заедно со академскиот хор „Мирче Ацев“ од дома ја преработија и снимија легендарната песна и на сите им пренесоа моќна видеопорака. Болеста не може да не скрши, музиката се’ уште не соединува.
Кој вели дека и од дома не можеме да го прославиме најголемиот христијански празник Велигден? Џокси и целиот тим кој стои позади ова прекрасно видео е доказ дека и во вакви тешки времиња духот не може и не смее да клоне!
Инаку, ова е втор пат Џокси да ја пее оваа песна со хорот „Мирче Ацев“. Тие годинава заедно ја испејаа и на манифестацијата „Златна Буба Мара“.
Слушнете ја, погледнете го видеото и… празнично останете дома!