Српската пејачка Гоца Тржан е една од оние пејачки која освен за пеење ја бива и за готвење.
„Сакам се од италијанска до тајландска и кинеска кујна. Тоа секогаш е некоја моја верзија на храна, сакам да експериментирам. Не сакам да готвам слатки работи, тоа не ми оди од рака“ вели Тржан.
Во нејзините специјалитети најмногу ужива сопругот Раша.
„Мислам дека Раша сака кога готвам нешто специјално, а Лена малку е прибирлива кога е во прашање храната. Не ги сака многу моите експерименти, туку да е едноставно“ објаснува пејачката и додава дека имало моменти кога и загорувал ручекот.
„Готвев гулаш и го оставив на најсилен огин. Толку изгоре така што шерпата се запали и морав да ја фрлам. Научив дека во готвењето е најважно да бидете трпеливи и да внимавате на тоа што го готвите“ вели пејачката.