Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова и Моника Ѓорѓиева, трите велешанки од музички бенд – „Тhe Chicks“ најпрвин станаа познати по своите забавни настапи на кои добрата журка е загарантирана, а потоа и по преработките на познатите песни од македонски и странски изведувачи, за конечно да почнат да имаат и свои, авторски песни.
Најновата тема, трета авторска песна, е прва и носечка песна од нивиот деби албум со истоимен бнаслов „Travelers“, е испеана на англиски јазик. Целиот проект е работен од следниот тим:
Музика и аранжман : Александар Чекреџи – Чекре, текст : The Chicks, аудио продукција : Александар Ристовски – Принц, микс и мастеринг : Златко Симионски – Зеко (ДоРеМи Продукција), додека
видеопродукцијата ја потпишал Иво Иванов.
„Во ова време кога сите сме дома и минвaеме низ тежок период, ова е подарокот кој што ние го подготвивме за нашата публика. Преку ова им испраќаме порака да седат дома, да се чуваат себе и најблиските и да не забораваат дека животот е прекрасно патување, а ние сме…ПАТНИЦИ“ – напишале во промотивната порака до своите обожаватели девојките.
И додека ја чекаме промоција на албумот која ќе следи понатаму, во некои посреќни времиња кога за тоа чќе се создадат вистински услови, слушнете ја и погледнете го лирик видеото за нивната насловна тема – „Travelers“ .