Како што веќе објавививме, македонскиот рапер Марко Маринковиќ – Слаткаристика и неговата сопруга, некогашната манекенка, мисица, модел и ТВ водителка Сања Николиќ пред неколку дена, поточно, на 15. април 2020 година за прв пат станаа родители. Прво – па машко, односно син, кој како што соопшти и самиот рапер на својот „Фејсбук“ профил, доби мошне необично име – Моша.
„Се роди Моша Маринковиќ. Голем да му расте“ – напиша тогаш Слаткар на неговиот Фејсбук профил во описот на фотографија од нивната свадба, каде ја бакнува невестата Сања во чело.
И додека мирно изминуваат првите часови и денови од животот на нивната принова, дојде време за прва средба меѓу таткото и синот. Марко го виде Моша, но не само што го виде, туку и за прв пат го зема в раце, па среќниот татко на нивната сефте средба ја направи и првата заедничка фотографија со новородениот син, под која само кусо го напиша неговото име.
За потеклото на необичното име на малечкиот, јавноста веќе почна да плете приказни, па едни велет дека бебето името го добило по славниот фудбалски херој од кралска Југославија и филмот „Монтевидео“ – Моша Марјановиќ, други го споменуват Моша Пијаде, додека трети велат дека името е семејно наследство…
Како и да е, едно е сигурно: Слаткар очигледно не можел да ги сокрие ниту возбудата, ниту емоциите при првата средба со својот наследник, но и со својата сопруга по нејзиното породување.
Уште еден доказ дека тоа е така, е фотографијата на тукушто породената Сања од креветот во породилиштето, која Слаткар ја споделил на своите Инстаграм приказни па напишал:
„Љубавино моја… Те сакам, премногу те сакам“ – ставајќи и емотикони покрај изјавата полна со изливи на љубов!