Индира Радиќ откри интересни детали од нејзиниот живот за време на вклучувањето во живо на Фејсбук.
Индира беше во друштво на композиторот Горан Ратковиќ Рале и разговараа за Ален Исламовиќ, но и за една тепачка предизвикана од Индира.
– Мој народе, ова го нема ни на телевизија вечерва. Размислував да ја направам ријалити од мојот живот. Би било многу интересно да се види како живеам. Од утро, кога ќе се разбудам, до вечер, кога одам да спијам, и што ми се случува – започна Индира.
Пејачката исто така рече дека еден пејач треба да знае кога да се повлече, а Рале продолжи:
– Кога го правев првиот наш заеднички албум со Брена, „Луда за тебе“, таа имаше скоро 40 години и ми рече: „Знаеш, Рале, мислев дека ќе пеам до 40-годишна возраст, но сега решив да пеам до 50 “. 50-тата дојде, таа пее, па ми вели: „Сега ќе пеам до 60 години“. Ма Брена ќе пее додека е жива.
По приказната за Лепа Брена, пејачката и композиторот се осврнаа дека таа е прва што вовела соблекување на сцената и концерти.
– Се сеќавам на првата изведба на, „Гранд Шоу“, ти ги соблекувавше стриптизерите, а не беше добар тајминг. Отидов кај Миљуш и велам дека треба да се повтори. И тој вели дека не може, готово е. И тој ми рече, излези. И јас посегннавпо него, скоро да до задавам човекеот. Потоа влезе Саша Поповиќ и ги смири страстите. После тоа беше повторена сцената – Рале откри дека тој скоро се тепал за Индира.