Пандемијата со коронавирусот направи невидена промена во секојдневието, а социјалниот живот остана во позадина каде чека да дојдат подобри времиња. Времето вака или онака си минува, а кој како ќе биде креативен или пак не, ќе најде начин да го помине.
Некои знаат да се приклучат во живо на социјалните мрежи, други да прифатат некој фото предизвик, трети по цел ден се снимаат со новата „Тик ток“ апликација, некои објавуваат фотографии од деството… Сепак, готвењето е најчестата активност, а припадничките на понежниот пол особено сакаат да се пофалат што направиле.
Пејачката и доторка, Симона Поповска, ако претходно ја гледавме како објавува секси фотосесии, фотографии од настапи, такви на работното место во бел мантил…
Сега и за неа е време кога вредно се покажа како домаќинка, притоа и не така одамна мажена. Тава по тава, секојдневно нешто се крчка…
Од солени до благи рецепти, Симонче едноставно станала професионалец во кујната.
Деновиве и беше и роденден, па по таа прилика се дотера и му се заблагодари на Бога за уште една година во животот.
Велигденските денови се пред нас, а не се сомневаме дека Симона ќе покаже уште доста од своите кулинарски вештини.