Пејачката Неда Украден (69) веќе еден месец е во изолација, но со насмевка, изјави дека не жали што сè уште не го запознала човекот со кој ќе ги помине деновиве во својот дом.
„Фала му на Бога, немам никој покрај мене да ме дави, да ме оптоварува со глупости, да ме клука по главата. Мислам дека откако ќе се смири оваа ситуација, 60 проценти од браковите ќе се распаднат. Многумина ќе полудат во затворено, затоа што се насочени едни кон други, а немаат добра комуникација едни со други. За нив, тоа е полошо од коронавирусот. На сите им треба поддршка, грижа, љубов, но тоа го има многу, многу малку. Многу од нив имаат некои паралелни животи, љубовници, швалерки… Па, сега ним им е најтешко. Подобро да сум сам, но никој да не ме дави, особено некој, кој не е достоен за мојата убов“ – изјави Неда за босанските таблоиди.
Пејачката признава дека состојбата со коронавирусот и финансиски многу ја загрозила.
„Веќе откажав десет концерти, ја затворивме детската игротека во Белград, имавме околу десет вработени. Пејачите отсекогаш биле слободни стрелци, но сите ние имаме некои обврски. Јас секогаш сум во некои набавки, инвестиции, не чувам пари впод душек“ – се пожали Украден.