Радио Милева

Свадбата на Викторија Лоба откажана: „Во карантин ќе дознаете дали сте за брак или не“

Свадбата на Викторија Лоба откажана: „Во карантин ќе дознаете дали сте за брак или не“

Пејачката Викторија Лоба вчеравечер беше дел од кампањата #Бекстејџседидома, на најгледаниот и најпопуларен забавен ТВ магазин „Бекстејџ“.

Таа се вклучи во живо од својот дом и со новинарката отворија доста теми на разговор, од детство,кариера,приватност, интима, па се до бракот и заедничкиот живот.

фото:бекстејџ/принтскрин

Пред неколку месеци, Викторија Лоба, повторно за „Бекстејџ“, откри дека е свршена и го покажа прстенот, а сега само го потврди својот статус на свршеница која со својот сакан живее заедно.

Лоба откри дека поради настанатата ситуација со пандемијата од коронавирусот, свадбата е откажана, па се пошегува дека карантинот е момент да дознете дали сте за брак и заеднички живот или пак не.

Лоба мораше да игра и вистина или предизвик, а еден од предизвиците и беше да покажа парче долна облека од својта фиока.

Меѓудругото, откри дека Ѓорѓи го засакала поради неговата храброст и решителност, но сепак таа била првата која го бакнала.

Карантинските денови пак, вели дека и годат бидејќи се смета за интровертна личност. Свадба нема барем засега, но љубовта сигурно е присутна во изобилство.

To top