Не постои партнер во сериите со кој не глумела, а да не ја поврзуваа со нив.
Важи за најубавата, но и за најплатената турка актерка која по една епизода од серија добива по 30 илјади евра.
Поранешната манекенка Џансу Дере, ја гледавме во Езел и Сулејман Величенствениот, а сега и во новата турска драма „Се викав Мелек“ или „Мајка“.
Убавата Турчинка е родена 1980 година во Анкара, нејзиниот татко е трговец, а мајка и наставничка. Како тинејџерка сакала да се занимава со балет и танц, но била превисока, па почнала со манекенство со кое долго се занимаваше.
Модата помалку и досади и сега е целосно посветена на актерството.
Беше втора придружничка на мис на Турција во 2000 година, но и самата нема превисоко мислење на својот изглед.