Поранешниот најпопуларен пар во Холивуд, Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа договор нивните деца да се образуваат на традионален начин.
Тригодишната битка помеѓу Бред Пит и Анџелина се помести еден чекор понапред, бидејќи конечно се договорија на кој начин ќе ги образуваат своите деца.
Бред пополнил документи во Лос Анџелес и го известил судијата дека тој и Анџелина конечно се согласиле околу едуцирањето
Богатството на Бред се проценува на 300 милиони долари, а на Анџелина околу 100 милиони долари, и судот ги прогласи за официјални самци.
Додека парот беше заедно, децата ги чуваше дадилка бидејќи парот беше зафатен околу снимањата на филмовите ширум светот, но и на неколку заеднички прокети.
Кога станува збор за образованието на децата, Џоли во 2017 година изјави:
„Ми пречи тоа што малку учевме во училиште“.
Таа тогаш истакна дека се одлучиле за домашно образование поради разиличното културно образование на децата.