Српската старлета Станија Добројевиќ откако неодамна успеа да долета од САД во Србија, сега деновите ги минува сама во изолација во својот стан во Нови Сад. Но, како што е познато, ниту во нормални, а камо ли во вонредни околности старлетата не може да мирува, па така и сега почна да ги „вознемирува“ соседите.
Расната убавица не е навикната да биде многу облечена, па затоа и во крантинот се шета и слика соблечена, а жешките фотографии ги споделува на својот Инстаграм.
Версаче стајлинг од марама до танга, длабоко навлечена во извајаната заоблена задница и понекоја предизвикувачка поза за возбуда во неизмерна доза.
Само по гаќички, со излезени гради од длабоко деколтираната розова маичка, Станија има манија и овој пат да ја разбранува јавноста.
Но, на раскошната убавица како да не и беа доволни ни мноштвото еротски пози пред огледалото, па Станија реши да го провоцира маалото каде е лоциран нејзиниот дом со еротски танц на својот балкон.
Само по розови гаќички и маичка на прерамки, старлетата ги надмина сите рамки, особено оние на пристојноста, ама на Станија и најважно да ја има во јавноста.
Затоа ги повика и папараците, кои ги фокусираа своите објективи, па ја ловеа разголената старлета како танцува и шета по терасата, правејќи жешки фотографии со кои оповторно ја запали масата.
А, Станија и тоа како знае добро тоа да го прави, дури и кога е меѓу 4 ѕида и зад затворенио брави. Старлетата гола во домот, со стриптиз на балконот!