Нивес Целзиус најде начин како да го искористи времето во изолација.
Пред целосно да се разголи, Нивес објави фотографија од балконот на својот Инстаграм профил, каде позираше во тексас кошула и шорцеви, со раширени нозе во провокативна поза. Деталот кој сите го пропуштија е откопчаниот патент на шлицот, кој никој не го забележа покрај секси позата на расчекорената убавица…
„Освен од чешлање и излегување од дома, се одвикнав и од закопчување на шлицот“ – напишала таа под фотографијата.
Но, за провокацијата да биде уште поголема, а возбудата да кулминира, расната хрватска пејачка и актерка, отиде чекор понатаму. Кога веќе не може надвор, а уште помалку на море, Нивес се соблече, па на својата тераса ја распосла сета своја телесна маса. Онака легната, расната убавица додека се сончаше се зазборе на својот мобилен, па го потцени сонцето и си го изгоре га*ето!
Така топлес разголена, сексапилната Хрватица се пожали на зацрвенетата задница, споделувајќи ја провокативната фотографија на Инстаграм.