Радио Милева по утринската насмевка ноќта се познава...

Само по градник во кујната: Елена Петреска не е очајна, туку секси домаќинка, која жените ја разбираат, а мажите – уште повеќе (ФОТО)

Само по градник во кујната: Елена Петреска не е очајна, туку секси домаќинка, која жените ја разбираат, а мажите – уште повеќе (ФОТО)

Вака или онака,  полека почнавме да се навикнуваме на новосоздадените услови за живот. Карантинот колку и да е дестимулативен, очигледно има и свои предности. Социјализација, зближување со домашните, време за себе и семејството за оној кој го има, работи кои сме одлагале да ги завршиме, домаќинлук…

Е, кога сме кај ова последново, кај домаќинлукот, изолацијата од надворешниот свет и најголемите „дунстери во кујната“ ќе ги натера по нешто да научат да зготват. Оние другите пак, ќе станат вистински експерти покрај шпоретот, тавите и тенџерињата…

Естрадните ѕвезди, па и овие македонските, ѕвезди се на сцената и во медиумите, ама дома и тие се како сите останати – домаќинки! До душа, која како, иако Елена Петреска покрај кариерата важи за оддана и посветена сопруга и мајка на малолетни дечиња, а со тоа некако заедно оди да биде и вредна домаќинка. Особено во услови кога не смее или не се може да се излезе од дома, па кога нема каде да се оди и прошетката од дневната до кујната, од троседот до фрижидерот е нешто.

И кога е во кујната, Елена покажа дека наместо „очајна домаќинка“ умее да биде и малку поинаква… Секси домаќинка! Откако го потроши денот во кујната, за што мајките и жените најдобро ја разбираат, замина под тушот па се врати… Но, не одново да готви, туку очигледно да се подготви за нешто друго…

Така тазе истуширана и намирисана, со полувлажна коса и завиткан пешкир на главата, само по градник од бела тантела, Елена посегна по шише црно вино… Децата се мали, за нив е доволно доцна за да заспијат, ама на мама очигледно не и е уште до спиење… Можеби малку до пиење и малку повеќе до… знаете веќе што! Прилепската „секси домаќинка“ со скопска адреса на живеење, жените навистина добро ја разбираат… а, мажите – уште повеќе!

А, Елена со истиот оној пешкир преку главата, легната на креветот во спалната, со високо кренати нозе, во розови пижами покажа дека неколку прочитани страници од добра книга пред спиење е рецептот за мирен и спокоен сон… Или можеби за добро утро?

Ако по утринската насмевка ноќта се познава, дејствието пред спиење, мора да било „баеги содржајно“… Она од фабулата во книгата, се разбира!

To top